Блог е скратеница од англискиот збор weblog, што во буквален превод значи мрежен дневник. Блогот е веб страница на која поеднинецот по хронолошки ред ги бележи своите размислувања и ставови. На интернетот постојат милиони блогови чии ценети сопсвеници се луѓе од сите слоеви на општеството. Денес блог заедницата, на пример во САД, е толку бројна што редовно има влијание на јавното мислење.
За што да ги користите блоговите?
Освен што можете да се зезате на нив, блоговите се одлична комуникациска алатка, која ги поврзува корисниците на интернет, бизнис групи или случајни веб истомисленици. Тие им помагаат на помалите групи да комуницираат многу полесно отколку преку маил или дискусии на форумите. Со други зборови, блогот му овозможува на секого дури и со најмало познавање на компјутери да биде присутен на светската мрежа. Секој може да направи своја веб страница и истата да ја полни со каква сака содржина.
Кој се пишува блогови?
Блог може да има кој било. Од познатите светски блогери може да се издвојат, премиерот на Австралија Џон Хауард (http://johnhoward.blogspot.com/), основачот на eBay (http://pierre.typepad.com/), популарниот британски кувар Џејму Оливер (http://www.jamieoliver.com/diary/) и еден од најбогатите луѓе на светот Доналд Трамп (http://donaldtrump.trumpuniversity.com/).
Британскиот весник Гардијан доделува годишни награди за најдобар британски блог. Најзбутаната и секако највисоката локација на светот од која се пишувало за блог, секако е Монт Еверест од каде Лоренцо Гариано со помош на лаптоп и сателитски телефон објавуваше записи за секоја фаза од своето патување. Блоговите се и единственото место на кое иранските жени можат слободно да комуницираат за табу теми како што се мажите или сексот.
Каква е содржината на блоговите?
Веблоговите, како што кажува и самото име во главно се од личен каратер и им служат на сопствениците да пишуваат за настаните од нивното секојдневие. Тие се составени од линкови кон други веб страници или блогови во кои се коментираат настаните во светот. Има и такви кои едноставно го пишуваат она што ќе им падне на памет. А некои дури го користат за работа.
Што бараат блоговите на работа?
Голем број светски компании и образовни институции во блоговите препознале одличен начин за комуницирање меѓу вработените, за меѓусебна размена на идеи и знаења, додека некои дури го користат и за промоција на своите производи и услуги.
Кога настанал првиот блог?
Според многумина првиот блог се појавил пред десетина години. Негов автор е Марк Андерсен, креаторот на првиот веб клиент, некогаш популарниот Нетскејп. Во својот блог тој пишува за новитетите кои ги имал воведено во претходникот на Нетскејп апликацијата Мозаик.